Натпреварот во Битола на селекциите на Македонија и Италија беше фудбалски празник, а се одигра во вечерен термин на реновираниот стадион “Петар Милошевски“ пред 8.000 љубители на фудбалот од Битола и регионот.
На натпреварот, во новиот вип-дел и вип-ложа, домаќин беше претседалот на Фудбалската федерација на Македонија, Масер Омерагиќ, кој беше заедно со своите најблиски соработници и секако со членовите на Управниот одбор на ФФМ.
Во вип-делот беа битолчаните Гоце Христов и Николче Новевски кој се дел од тимот на Омерагиќ, заедно со Горан Пандев и Илија Најдовски… и селекторот на македонската сениорска репрезентација Благој Милевски…
Сите кои беа во Битола дадоа поддршка на македонската репрезентација и на идејата под Тумбекафе да се играат натпреварите на селекцијата до 21 година, или популарно У-21.
На натпреварот присуствуваа и амбасадорите на Италија и Шпанија во нашата земја, Паоло Палминтери и Рафаел Соријано Ортиз, кои имаа средни со градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а со нив беше и Зоран Ристевски – конзуларниот кореспондент на Амбасадата на Италија во Битола.
Во овој дел беа и битолските фудбалски легенди, Благој Китановски, Неџат Хусеин – Џате, Спасе Ристевски, голем број битолски фудбалски легенди од сите генерации, поранешниот меѓународен фудбалски сидија Љубомир Крстевски, поранешни ракометари…
Поддршката фудбалерите ја имаа и од ракометарите, капитенот на Еурофарм Пелистер – Филип Кузмановски, голманот Никола Митревски и поранешниот ракометар и тренер Бранислав Ангеловски, капитенот на ФК Пелистер – Мирко Ивановски…
Покрај градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, беше заменикот Бојан Бојковски и тимот кој работеше за реновирање на стадионот заедно со секретарот Борче Димитровски.
Тука беа и пратениците од Битола – Олга Лозановка и Пеце Милевски, Ѓорѓи Сајковски, претседателот на Сенатот на УКЛО – проф. д-р Филип Поповски, директори на јавните претпријатија кои беа вклучени во изведување на работите на стадионот, советници…
Се на се, убав спортски и фудбалски настан, недостигаше гол за реми или победа, но да се надеваме дека тоа ќе се случи на следниот натпревар во Битола, кога повторно пред полни трибини ќе ја бодриме македонската репрезентација, до победа.
Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска









