На 13.09.2025 во 16:22 часот на регионалниот пат Битола – Тополчани, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола запреле патничко возило „шевролет матиз“ со битолски регистaрски ознаки, кое го управувал 51 годишник од село Беранци, битолско.
Било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,97 промили алкохол во крвта.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.






