Еурофарм Пелистер – Алкалоид 35:26
Победнички старт кадетите на Еурофарм Пелистер во новата сезона против гостите од Автокоманда, во натпревар во кој гостиме немаа прилика да го загрозат водството на домаќините, па така бодовите останаа во Битола.
Тренерот Фарух Мемиќ кој работи заедно со Кире Митревски за стартот на сезоната рече:
-Продолжуваме во ист стил, со победи, како ланската сезона. Имаме добар тим, надежни и талентирани ракометри, кои мора да работат на подобрување на својот квалитет во текот на целата сезона.
За тимот на Еурофарм Пелистер настапија: Мацанковски Јован и Пајковски Василиј (голмани), Велјановски Павел 5, Кочанов Лука, Кебаковски Томислав, Спировски Тео 5, Здравсковски Давид 2, Марковски Владимир 1, Павловски Сергеј, Мијалчев Горазд 10, Василевски Стефан 3, Дуковски Александар, Илијевски Антонио2, Георгиев Андреј 3, Бојчевски Бојан 1 и Симоновски Јован 3.
Фото: Дамијана Ристевска






