Амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. г-динот Мартин Памер, оствари официјална посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Во пријатна и конструктивна атмосфера, ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, заедно со дел од раководството на универзитетот: претседателот на Универзитетскиот сената, проф. д-р Филип Поповски и проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ, разменија информации за досегашната и идната соработка помеѓу Универзитетот и австриски високообразовни институции.
УКЛО има шест проекти што ги реализира со австриски универзитети. Три од нив се тековни, во рамки на Конкурсот од МОН за заеднички македонско – австриски научно – истражувачки проекти за периодот 2024 – 2025.
Дополнително, на средбата со високиот гостин разгледани се можностите за унапредување на партнерства со различни фондации и академски асоцијации од Австрија.
Фото: Дамијана Ристевска






