Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад и приведување за марихуана

На 18.09.2025 во 13:00 часот во СВР Битола, Ј.Ј. (60) од Битола пријави дека во Градскиот пазар во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 18.09.2025 во 20:45 часот на ул.„Тодор Паница” во  Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 17-годишен малолетник затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот, против истиот ќе следува соодветна пријава.