Press "Enter" to skip to content

Кривична пријава за предизвикување на општа опасност во Битола, извршени претреси, пронајдени дрога, рачна бомба и други предмети

На 20.09.2025 СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од КЗ против 33 годишник од Битола, 25 годишник од с. Ерековци, прилепско, со место на живеење во Битола, 40 годишник од Битола и 38 годишник од Битола.

Имено, на 12.07.2025 околу 02:05 часот две лица по насоки од третото лице, дошле со мотоцикл во близина на куќа во Битола, по што четвртото лице фрлил експлозивна направа кон куќата. При тоа биле оштетени фасади од куќи, прозорци и врати, а биле опожарени седум возила.

Четвртообвинетиот пак, му помогнал на да сокрие докази во врска со кривичното дело. На 19.09 и 20.09.2025, по наредба од Основен суд Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола извршени се претреси на повеќе локации во сопственост на осомничените, при што пронајдени биле една рачна бомба, марихуана, шише со непозната течност со семки во внатрешноста, солзавец, предмети со траги од прашкаста материја, како и предмети со кои се извршени кривични дела.

Лицата се лишени од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на едното лице.

More from ВестиMore posts in Вести »