Press "Enter" to skip to content

Женска екипа од Битола на промоција на голф на плажа во Италија

Во рамките на програмата Erasmus Sport+, група од Македонија –  поддржани од “ЕКЕ Битола“ како организација испраќач, учествуваше во проектот Lady Woods European Golf Contest, кој се одржа во Пескара (Италија).

Оваа иницијатива има за цел да го промовира beach голфот, да го поттикне учеството на жените и да ја зајакне нивната присутност во организацијата на спортски настани.

Проектот е предводен од “Beach Golf Sport Association – BGSA” од Италија и се реализира во соработка со универзитети и организации од четиринаесет земји. Македонија беше претставена од тим составен од учеснички од Битола и Прилеп, кои придонесоа за зголемување на видливоста на женскиот талент во спортската сфера.

Ова учество ја потврдува посветеноста на “ЕКЕ Битола” кон еднаквите можности и промоцијата на спортот како алатка за инклузија и професионален развој.