Фестивал на филмската камера во Битола “Браќа Манаки“, кој се отвори вечерва по 46. пат по ред, како и секој филсмки фестивал, секако покрај наградите, е познат и по црвениот тепих, кој беше поставен пред Центарот за култура во Битола.
Пред свеченото отворање на фестивалот на црвениот тепих поминаа добитникот на “Златна камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија на Семи Капланоглу, новиот директор на фестивалот Димитрија Доксевски, жирито на фестивалот, лауреат на наградата добитникот на златен медал, филмскиот критичар Благоја Куновски Доре, дел од актерите, продуцентите и кинематографката на филмот “Мајка“…
По црвениот тепих поминаа и политичари, министри и пратеници, градоначалници, бизнисмени, актери, режисери, директори, професори, почесни конзули…
Филмот создава магија пред која зборовите исчезнуваат. Седум дена фестивал, седумдесет филмови и повеќе од 400 автори, уметници од сите меридијани ќе чекорат низ Битола, градот што овие ноќи ќе сонува низ светлината и сенката на платното.
Низ мега фотогалерија ќе ви пренесеме дел од гостите и публиката кои помина вечерва по црвениот тепих во Битола.
Фото: Дамијана Ристевска













