Денес, среда, 1 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне и во текот на ноќта под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд. Температурата во Битола до 19 степени.
Утре, четрток, 2 октомври, во Битола, времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 13 степени.






