На Правниот факултет во Битола традиционално се 0држа првиот академски час започна на кој присуствуваа ново запишаните студенти, професорите и дел од академскиот кадар.
На почетокот на првиот академски час официјално обраќање на Деканката, проф. д-р Светлана Вељановска, која им посака добредојде на бруцошите и го потенцираше значењето на овој период од нивното образование.
Таа ги охрабри студентите да се посветат на студиите и да ги искористат сите можности за професионален развој кои им се нудат на факултетот.
Потоа следеше говор од судијката во Основен суд Битола, м-р Марија Филиповска Поповска, алумна на Правниот факултет, која зборуваше за студентските денови, изборот на Правниот факултет во родниот град, како и важноста на практичната примена на академското знаење, посебно во правната професија.
Таа ги мотивираше студентите да бидат активни, одговорни и посветени на учењето во текот на студиите.
Се обрати и адвокатот д-р Никола Главинче, наш пријател и долгогодишен соработник, кој им ги претстави предизвиците и можностите во правната практика од аспект на адвокатурата.
Тој ги охрабри студентите да развиваат критичко размислување и да го користат знаењето и посветеноста на професорите.
По обраќањата, следуваше поделбата на индексите, што е важен момент за секој бруцош како симболичен почеток на академското патување.

Прв академски час на Правниот факултет во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: 23 годишна прилепчанка физички нападната во Битола
- Иван Куковски е нов координатор на РЕК “Битола“
- Активирана зимската служба – се чистат улиците во Битола од 3:30 часот
- ЈП “Комуналец“: се расчистуваат пристапните патеки за пешаците
- Во Битола облачно со повремен снег, температурата до 1 степен





