Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Томе Влашевски – Куба

 

Во Битола по долго боледување на 66 годишна возраст почина Томе Влашевски – Кубата познат музичар и естраден уметник. 

Роден е на 23 јануари 1959 година во Легница – Полска, а од 1964 год. престојува во Македонија, каде заврши средно земјоделско училиште во Битола и факултет за физизичка култура во Скопје. Беше вработен во војската како референт за физичко вежбање. Последен раборен ангажман му беше наставник по физичко образование во ОУ “Коле Канински“ во Битола.

Влашевски беше и одличен атлетичар, а во дресот на атлетскиот клуб Олимп постигна значајни резултати, беше и првак на Македонија во јуниорска конкуренција на 100, 200 и 400 метри…

Во последните години имаше и своја видео продукција, а битолчани во тој период ќе го паметат како дел од ресторанот “Гала“ каде во безброј вечери ги забавуваше.

Влашевски започна во рок групата “Хомо сапиенс“, потоа продолжи во “Молика“, “Бон Тон“ и во последниот период настапуваше како соло пејач по битолските локали. Сними голем број песни, еден од неговите најголеми хитови е песната „Прости ми“ која ја испеа со својот карактеристичен и најпрепознатлив глас. Влашевски сними и голем број видео спотови за своите колеги.

Битолчани ќе го паметат и како голем навивач на Ливерпул, организира клуб на навивачи, патувања на натпревари на Ливерпул во Англија, и заедничко гледање и дружење на натпреварите на англиски клуб.

Влашевски беше и дел од новинарството во Битола, долги години монтажер и снимател во телевизија “ТЕРА“.