Press "Enter" to skip to content

Реми на Пелистер и Шкендија на дождот, во вечерниот термин, во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Шкендија 0:0

Фудбалерите на Пелистер во вечерниот термин во Битола, под Тумбекафе го дочекаат шампионот Шкендија во натпревар од 9. коло на Првата македонска фудбалска лига, а двете екипи одиграа натпревар без голови. Натпреварот во Битола се играше по дожд кој ја зафати Битола беше отворен со испитување на силите и со мирна игра на двете страни, без некои шанси и борбени дуели. Првиот директен удар го имаше Рамадани, но голманот Андреј Јовчевски одбрани. Видовме и удар од слободен удар од околу 25 метри.И Пелистер во првото полувреме имаше добри минути, меѓутоа без некои сериозни обиди за гол.Во второто полувреме се продолжи со исто таква игра како во првото. Шкендија се обидуваше и не успеа, а неколку удари ги одбрани голманот на Пелистер, Јовчевски.Пелистер ја имаше најголемата шанса на мечот дотогаш. Топка низ одбраната доби младиот Јован Мрмачовски, но неговиот удар го одбрани голманот Амзаи. Веднаш од корнерот следуваше уште еден обид, овојпат на Габриел Крстевски кој биеше над голот.Првата посериозна закана пред домашниот гол ја имаше Тамба откосо, а гостинскиот тим имаше и неочекувана  шанса. Последната закана не ја искористи ниту Трумчи во последните секунди. Пелистер по девет одиграни кола има седум бода е се наоѓа на десеттата позиција.

Фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »