-Концертот “Бајка“ е свечен почеток на “роденденска есен“, со која се одбележува 45-годишниот јубилеј на Центарот за култура – Битола, кој во својата четири и пол децениска работа успеа да се афирмира и етаблира како институција која мотивира, иницира и го презентира културно творештво.Вечерва во Големата сала на Центарот за култура Битола се одржи концерт, насловен во „Бајка“, на кој настапи врвната виолинистка и диригентка Анна Конратенко, концерт-мајстор на Македонската филхармонија. Тоа беше концерт кој ги воодушеви љубителите на класичната музика од нашиот град кои ужива 60 минути во “Бајковити звуци“ на современа класична музика.
Концертот “Бајка“ е дел од рамките на роденденската есен со која се одбележува 45-годишниот јубилеј на Центарот за култура Битола – културното срце на Битола.
Пред започнувањето на концертот на присутните им се обрати директорот на Центарот за култула – Сашо Илковски кој рече:
-Вечерва, со особена чест, на нашата сцена настапува Македонската филхармонија со концертот “Бајка“. На диригентскиот пулт и како солист на виолина е извонредната Анна Кондратенко – концерт-мајстор на Македонската филхармонија, уметница со блескава меѓународна кариера и бројни настапи низ Европа, Америка и Азија. Во рамките на прославата на нашиот 45 роденден, во текот на есента, на нашата сцена и изложбени простории ве очекуваат многубројни културни доживувања – концерти, изложби, театарски претстави и уникатни фестивалски настани, кои ја слават традицијата, современото творештво и талентот на домашните и меѓународните уметници.
Анна Кондратенко – концерт-мајстор на Македонската филхармонија заедно со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, битолчани ги поведе на едно нежно, духовно и емотивно патување низ музиката. Концертот беше збогатен со видео изведба на Летиција Кондратенко, а се заедно тоа беше извонредно музичко доживување исполнето со емоција, виртуозност и визуелна уметност.
-Сакам да ви ја доловиме и да ја доживеете бајката онака како што ни ја раскажуваа нашите баби,мајки во една опуштена атмосфера, па затоа сме облечени “кежуал“, а не во концертни одела. Сакаме да уживате во концерот, вреди да ги послушате сите дела и да уживате. Концертот е во два дела, со дела на Владимир Мартинов и Гија Канчели, рече Анна Конратенко со што ќе слушате звуци на современа класична музика.
Во програмата беа “Come in!“ („Чукни и влези“) од Владимир Мартинов – медитативна и возвишена композиција за виолина и оркестар, и „Letters to Friends“ („Писма до пријателите“) од Гија Канчели – низ музички писма исполнети со топлина, сеќавања и човечка блискост.
Во публиката имаше голем број на ученици и нивните професори од средните музички училишта од Битола и од Струга како и други учениците од Битола.Инаку, Анна Кондратенко е една од најпознатите виолинистки и концерт-мајстори на Македонската филхармонија, со богата кариера и настапи во Русија, Украина, Германија, Франција, Америка, Бразил, Малезија, Кина и Јапонија. Родена е во Новосибирск, Русија, каде што започнува да свири виолина на само четири години. Образованието го продолжува во Келн, Германија, во класата на проф. В. Третјаков, а денес живее и работи во Скопје како концерт-мајстор и солист во оркестарот на Македонската филхармонија и како концерт-мајстор на „F.A.M.E.S Project“.
Жанета Ристевска
Фото: Сашо Ристевски