–Традиционална, како и секоја година, така и во 2015 година, па така и оваа година 2025, со свечено врачување на највисоките општински признанија на Општина Битола – наградите “4 Ноември“, како и со одржување на голем број придружни културни и спортски манифестации, Битола го одбележа својот 71. роденден, а највисокото општинско признание, наградата за животно дело ја доби проф. д-р Георги Здравев, заради неговиот исклучителен труд и плодна работа, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Одлуката на Управниот одбор за доделување на највисоките општински признанија, на свеченоста што се одржа во Народниот театар, ја соопшти тогашната претседателката на Советот, д-р Силвана Ангелевска, која за славодобитникот Ѓеорги Здравев, рече:
-Здравев претставува редок и неуморен музички педагог, научник и диригент, кој оставил длабоки траги во музиката во Битола, Македонија и пошироко.
-Ѓеорги Здравев е организатор на првата битолска опера, која е формирана во 1960 година тој бил основач на првиот битолски Камерен оркестар, иницијатор за формирање на Музичката младина на Македонија, бил еден од основачите на Факултетот за учители, каде бил редовен професор се до неговото пензионирање, додаде Ангелевска.
Добитници на наградите за годишни остварувања, се писателот Димче Најдов, автор на книгата “Битола низ старит разгледници“ која ја подготви Јове Парговски, актерот Петар Горко, мотокросистот и неколку години со ред неприкосновен во мотокрос трките во Македонија и странство, Борче Костов и КУД “Илинден“, кој во 2015 година прослави 60 години од своето постоење.
-Секоја генерација има своја идеја, свој идеал, секоја генерација се бори на свој
начин да даде придонес во развојот на општеството за добробит на своите граѓани. Ние, кои сега сме на чело на градот се обидуваме да направиме исто така еден наш дел којшто ќе остави спомен и ќе биде дел од големата градба што се вика Битола, истакна на свеченоста, во 2015 година, тогашниот градоначалникот на Битола д-р Владимир Талески.
На свеченоста градоначалникот Талески ги најави и поголемите проекти во периодот што следува, како и изградба на две нови инвестиции во Индустриската зона “Жабени и Златниот рид, кој, според него, ќе претставува нов урбан простор за најмалку 5.000 битолчани.
Воедно се одржа музичкосценски перформанс “Со виртуелниот пајтон низ Битола“, во организација на студио “Микс“. Манифестациите за одбележување на роденденот на Битола беа збогатени и со одржување на спортски манифестации. Се одржа традиционалниот меѓународен шаховски турнир, како и мотокрос “Тони Гулевски – Бабуш“, а во пресрет на празникот се одржа и традиционалната ноќна атлетска трка.

Деновиве пред 10 години: наградата за животно дело на Општина Битола за проф. д-р Георги Здравев (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: како во октомври 2015 изгледаше стадионот под Тумбекафе и како беше околу него (фото)
- Деновиве пред 10 години: каков тим имаше Пелистер волеј во 2015 година на турнирските натпревари (фото)
- Деновиве пред 10 години: Битола имаше шампион во мото-крос, Борче Костов -Жолтио највозрасен натпреварувач (фото)
- Деновиве пред 10 години: прв настап на Исмаил Љумановски во Битола, ги воодушеви битолчани (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер 2 поразен во Битола од Тиквеш (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Најновите книги на Раде Силјан и Божин Павловски на полиците во Библиотеката
- Во Битола променливо облачно, температурата до 20 степени
- Победа на кадетките на Топ гол на гостувањето во Тетово
- Утре вечер, во предвечерјето на 4. Ноември, 67 ноќна атлетска трка во Битола
- Пелистер како фаворит лесно стигна до бодовите на гостувањето во Скопје










