Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Зад луѓето кои „сè можат сами“, стои дете кое морало само!

Кога детето расте во средина каде што недостига емоционална сигурност, топлина или поддршка, развива стратегии за да преживее. Самостојноста тогаш не е зрел избор, туку механизам кој служи за заштита: „Ако не се потпрам на никого, нема да бидам разочаран/а.“ Но, кога некој многу рано научил дека не може да се потпре на другите, со текот на времето се развива внатрешна недоверба.

Многу луѓе кои денес делуваат независни, самодоволни и „силни“, во детството се соочиле со недостаток на поддршка – емоционална, физичка или психолошка. Тогаш, научиле: „Нема на кого да се потпрам. Ако не се погрижам јас, нема кој.“Оваа самостојност не е избор, туку механизам за преживување. Некои деца растат во средини каде што треба да се грижат за себе, за помалите браќа/сестри, па дури и за своите родители. Така детето учи да го потисне своето, да биде „силно“, „разумно“, „од помош“…

Потреба сè да се направи сам  

Овој начин на функционирање – избегнувањето на барање помош, чувството на вина или слабост при покажување ранливост – често е резултат на рана животна адаптација. Но кога некој многу рано научил дека не може да се потпре на другите, со текот на времето се развива внатрешна недоверба.

Карактеристики на овие личности 

Тешко бара помош, се чувствува „слабо“ ако покаже ранливост, се потпира исклучиво на себе, дури и кога не мора… Иако од надвор изгледа „јака личност“, во себе често крие „уморно дете“ кое никогаш не добило дозвола да биде дете. Ова дете можеби растело  во средина каде што недостигала емоционална сигурност, топлина или поддршка…

За да преживее, тоа  развива стратегии. Со текот на времето, овие заштитни модели можат да станат крути и да ја ограничат способноста за блискост, доверба и регулација на стресот. Затоа како возрасна личност, може да изгледа стабилно, организирано и „силно“, но во позадина често постои хронична напнатост, замор и внатрешна осаменост.

Ако препознавате дека ви е тешко да се потпрете на некого, дека сè носите сами – знајте дека тоа не е слабост, туку навика што некогаш ви помогнала да преживеете.
Но денес, кога сте возрасни, имате право да научите нов начин – да дозволите некој да биде тука за вас, да побарате помош, да се одморите, да бидете нежни со себе.

 Процесот на психолошко заздравување вклучува :

препознавање на тие стари механизми, развивање доверба и

учење дека поддршката не е закана, туку ресурс.

Патот од „морам сам/а“ до „дозволувам да бидам поддржан/а“ е процес на исцелување.
И секој чекор во тој правец е чин на храброст.

Да се побара помош не значи слабост – тоа е знак на зрелост и на способност да се гради здрава поврзаност со другите.

Затоа, кога ќе сретнете некого кој „сè може сам“, сетете се дека зад таа сила можеби стои потреба за безбедност, топлина и разбирање. Наместо да му се восхитувате на неговата издржливост, понекогаш е поважно да му понудите простор да одмори, да се почувствува виден и поддржан.

More from СоветиMore posts in Совети »