Press "Enter" to skip to content

„Алиса во земјата на книгите“ – книжевно матине со превентивна порака за младите, незаборавно патување низ чудесниот свет на книгите (фотогалерија)

Оние кои присуствуваа на книжевното матине во “Пионерски Book & Bar“ влегоа во светот на фантазијата и патуваа низ чудесниот свет на книгити: Чајанката на Алиса, се искачија на планините со Хајди, се запознаа со Оливер Твист,  се соживеаја со љубовната приказна на Ромео и Јулија, ги открија тајните на Девојките на Марко. Ги слушнаа и почуствуваа силните зборови во современата проза од книгата „Рок на траење“. Секој лик ќе раскажа нешто свое — нешто што нè учи на добрина, храброст, љубов и пријателство… Кажа во  својот воведен говор Претседавачот на  Совет за превенција од детско престапништво Жанета Ристевска за да  продолжи Превенцијата од неправилно и негативно користење на слободното време се постигнува преку насочување на младите кон правилни и позитивни активности – како што се дружењето со книгата, читањето, креативното изразување и развивањето на љубов кон знаењето. Со тоа ги заштитуваме од појава на девијантни однесувања, престапништво и малолетничка деликвенција, бидејќи времето и енергијата ги насочуваат кон нешто корисно и вредно. Затоа нашиот  Општинскиот совет за превенција од детско престапништво и „Сложувалка Срце“ (Здружение за поддршка на лица со попреченост), со поддршка на Општина Битола го организиравме овој настан насловен како поладневното книжевно матине  „Алиса во земјата на книгите“. Настан посветен на поттикнување на љубовта кон книгата и развивање на позитивни вредности кај децата и младите преку уметност и креативност. 

Во рамките на настанот учество зедоа ученици од неколку основни и средни училишта, кои на сцената ги оживеаја познатите ликови од светската литература. Ликовите од  „Алиса во земјата на чудата“ и „Хајди“ ги оживеаја  учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со ментор Жанета Ристевска. Интересен сценски настап и нов, но сега среќен крај на љубовната приказна за вљубените Ромео и Јулија од Шекспир имаа  младите волонтери од Општинската организација на Црвениот крст со ученичка  Лина Чашитовска. ОУ Ресурсен центар „Кочо Рацин“ со претстави по мотиви од „Оливер Твист“ и ментор Ивана Карајанова. Ученички од ОУ „Св. Климент Охридски“ читаа извадоци од книгата „Девојките на Марко“ со  ментори Соња Бандевска и Андријана Шокларовска. Средношколците од Гимназија „Јосип Броз Тито“ се претставија со читање на извадоци и драматизации од книгата „Рок на траење“ со менторите Билјана Котевска Димко и Николина Ѓуровска.  Авторката на книгата „Рок на траење“ Марија Трифунивска Тасеска присуствуваше на настанот и се обрати кон присутните со зборовите дека е среќна што на овој настан и во посветен на книгите одекнуваат нејзините силни пораки преку драматизациите на учениците. Преку своите изведби, младите учесници го пренесоа духот на класиците и покажаа дека книжевноста не е само училишна обврска, туку и средство за изразување, меѓусебно разбирање и личен развој. Организаторите истакнаа дека ваквите активности имаат превентивен карактер, бидејќи ја промовираат емпатијата, соработката и креативното изразување како алатки за спречување на ризичното однесување кај младите и насочување на нивната бунтовна енергија во правилна насока. Настанот заврши во позитивна атмосфера со чај, слатки и порака дека книгите и уметноста можат да бидат патоказ кон подобро и посигурно општество за децата и младите. Сите учесници кои беа вклучени активно во проектот добија благодарници. 

Попладневното книжевно матине беше едно незаборавно патување низ чудесниот свет на книгите — таму каде што зборовите оживуваат, ликовите излегуваат од страниците, а фантазијата нема граници.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »