Новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен оствари прва официјална посета на УКЛО Битола. На средбата со ректорот проф. д-р Игор Неделковски, таа упати честитки за неговото високо признание „Амбасадор на културната соработка меѓу Македонија и Кина“ кое му беше врачено при неговата неодамнешна посета на Кина во рамките на Глобалниот дијалог на претседатели на универзитети што се одржа во историскиот град Чифу.
Во срдечна атмосфера, препознаен е потенцијалот за продлабочување на соработката помеѓу универзитети и институции од Кина и УКЛО. Ректорот Неделковски посочува дека е дискутирано околу можностите за заеднички проекти, размена на студенти, одржување летни школи и други активности.
Во присуство на проректорите на УКЛО, потпишан е Договор за донација со кој Амбасадата на Кина и оваа година ќе додели стипендии за покривање на трошоците за партиципација при студирање на студенти на УКЛО, за што Универзитетот наскоро ќе објави Оглас.
Амбасадорката Сјаојен изрази задоволство од можноста за продолжување на соработка со УКЛО преку обезбедување стипендии за поддршка на најталентираните студенти и студентите со најдобри постигнувања – со уверување дека овие иницијативи ќе ја поттикнат размената на студенти меѓу двете земји во насока на постигнување уште подобри академски резултати.
Посетата на кинеската амбасадорка, Џианг Сјаојен е заокружена на Високата медицинска школа и Факултетот за информатички и комуникациски технологии, каде во придружба на проректорот за наука, Горан Илиќ се запозна со одвивањето на наставно-научниот процес во дел од лабораториите на овие единици.

Амбасадорката на Кина, Џианг Сјаојен во посета на УКЛО Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Дождот ја расипа втората вечер на винскиот фестивал во Битола, организаторите очекуваат кулминација утре (фотогалерија)
- КК Пелистер: дојдете во сала, поддршка е потребна во полуфиналето против МЗТ
- Еурофарм Пелистер лесно до бодови против Бутел во Битола
- Дијагностицирање на остеопороза во Клиничка болница Битола сега со нов DEXA апарат
- Училишниот одбор на ОУ “Стив Наумов“ Битола побара и доби постојан мониторинг од страна на цивилни полициски службеници додека трае наставниот процес во училиштето





