П КОМУНАЛЕЦ Битола започнува со реализација нс проектот RU READY – Акции за намалување, повторна употреба и рециклирање за прекугранична интеракција како дел од проектот RU READY, 24-месечна прекугранична иницијатива која ја промовира циркуларната економија и одржливото управување со отпад.
Проектот се реализира во рамките на INTERREG VI-A ИПА програма „Грција – Македонија 2021-2027“ и е кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на двете земји со вкупен буџет од 851.754,18 евра.
Проектот RU READY претставува важен чекор кон позелена иднина, нови работни можности и зголемена еколошка свест. Веруваме дека преку соработка и заеднички напори институциите, граѓаните и локалните бизниси можеме да придонесеме за почиста животна средина и поодржлива заедница.“






