Press "Enter" to skip to content

ФТ Митко Василев, ординација “Кинет мед“ – fizio4you: Гонартроза или артроза на коленото

ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност.  Овој пат  ФТ Митко Василев ќе ве информира за Гонартроза или артроза на коленото, модерна болест на нашето време, за што вели: 

Артроза на коленото, гонартроза или остеоартритис е дегенеративно заболување каде се јавува оштетување на `рскавицата на коленото, подразбира примарни или секундарни  дегенеративни промени на зглобната рскавица која потоа предизвикува промени и на останатите делови на зглобот, а се манифестира со болка и оштетена функцвијата на зглобот.

Вобичаено болеста напредува постепено и може да бидат зафатени зглобната капсула и коската над зглобот. Се јавува на возраст над 45 години, а доколку има генетска предиспозиција и кај помлади. 

Примарното дегенеративно заболување настанува без познат причинител и се смета како нормален процес на стареењето на зглобот. Секундарен ОА е предизвикан од функционални промени во зглобот од познат причинител и обично доведува до дегенерација-предвремено стареење на раскавицта.

Примарни причини има многу но најчести се ревматско заболување на коленото /Rheumathoid arthritis/, состојби по оперативно или конзервативно лекувани повреди на рскавично коскените структури на коленото,менискусите или лигамнетите, серонегативни артропатии (гихт), вродени деформитети, генетски фактори, детски деформите односно валгусно и варусно искривување на колената, секвели по специфични или неспецифични воспаленија на коленото, континурани натоварувања во рекреативен и професионален спорт и несоодветни терени и подлоги за тренирање.

Кои се симптомите?

Симптомите се јавуваат постепено и се влошуваат како времето одминува. Најчесто се јавува: болка во коленото на почеток на движењето (првите 2-3 чекори), при зголемена физичка активност. Kако болеста напредува болка се јавува и во мирување, оток на коленото – собирање на вишок течност околу зглобот и меките ткива како резултат на воспаление, чувство на топлина во зглобот, вкочанетост на зглобот – карактеристична наутро или после долготрајно седење, намалено подвижност на зглобот – особено изразено при станување од стол или излегување од автомобил, крцкање и шкрипење на зглобот (крепитации) и нестабилност на коленото. Напредувајки процесот доведува до соголување на рскавицата на поедини места и субхондралната коска реагира со склероза на истата Овие зони воедно претставуваат и места со најголемо оптоварување на зглобот .

Дијагностиката при ортопедски преглед покрај анамнеза и функционална дијагностика се прави радиографско / РТГ / иследувања во фронтална насока и основни лабараториски и биохемиски иследувања. 

Лекувањето пред се акцет се став ана конзервативно лекување на гонартрозата е најдобро во рана фаза ,но во пракса тоа не е така затоа што пациентите се јавуваат на лекар кога симптомите се многу изразени, а болеста напредната. Превентивно се  препорачува намалување на телесната тежина,решавање на детските искривувања на време, носење на ортози (ортопедски помагала) корективни влошки, возење на велосипед рекреативно е одлична активност која ги превенира стеуктурите во коленото.

Физикална терапија во фаза на воспалителен процес со едем и болка се препорачува Терапија со мраз (криотерапија) која е антиоточна и антовоспалителна. Кинезиотејп нг  исто поставен за оток и прави стабилизација на зглобот. Електротерапија – аналгетска  (ТЕНС), ултразвучна терапија, магнетотерапија, Кинезитерапиа-активни и пасивни вежаби во зависнот од состојбата. 

Најдобрите резултати се добиваат кога во тек на рехабилитацијата се постигне корекција на телесна маса, зголемување на мускулна сила на коленото која ја контролира функцијата и процедури и тарапии кој го потикнуваат  факторите на растење и можат да ја обноват р’скавицата. “ГУНА ФОРЕЗАТА” е метода која остварува одлични резултати во таа насока. Ортопедсјиот специалистички третман е исто важна наоска на намалување на симтомите и решавање на воспалителниот процес.

Доколку конзерватиното-неооеративно лекуване не донесе резултат се преминува на Оперативно лекување. 

More from СоветиMore posts in Совети »