Битола оваа година има извонредно силно присуство на најголемиот натпревар за средношколци досега во Македонија – „Средношколец Милионер“. Дури пет битолски тима вечерва ја чекаат конечната одлука дали ќе се пласираат меѓу ТОП 20 и ќе продолжат во полуфиналето – чекор поблиску до наградата од 1.000.000 денари.
Битолските претставници се:
-„Паркирај Паметно“ – лидер Даниел Захарчев
-„Студии МК“ – лидер Марко Крстевски
-„Работи бе!“ – лидер Олег Трајковски
-„HYDRO BAND“ – лидер Софија Костадиновска
-„Систем 4“ – лидер Иван Секуловски
Овие пет тима се дел од 53-те селектирани идеи кои во втората фаза ги собраа над 34.000 гласови од публиката – јасен показател за големиот интерес и поддршка што ја добија младите иноватори од целата земја. Конкуренцијата беше исклучително силна, а вечерва ќе биде избрана само најквалитетната дваесетка што продолжува понатаму.
Тимовите што ќе се најдат во ТОП 20 ќе добијат пристап до менторската програма на Brainster Group, каде ќе се подготвуваат за 90-секунден elevator pitch пред основачот на Brainster, Петар Ниновски. Најуспешните ќе настапат и во големото финале, каде ќе презентираат пред пет инвеститори.
Битола има пет силни причини за гордост оваа вечер.
Следете ја официјалната објава и поддржете ги битолските тимови во нивната борба да влезат во полуфинале и да се приближат до целта – првиот македонски средношколец милионер.
Регистрирајте се тука: https://milioner.mk/event-top20






