Еурофарм Пелистер – Куманово 30:27
Во Битола победа на кадетите на Еурофарм Пелистер кои што се натпреваруваат и во младинска категорија против гостите од Куманово.
Екипата на Еурофарм Пелистер настапи во состав: Мацанковски Јован и Пајковски Василиј (голмани), Велјановски Павел 3, Кочанов Лука, Кебаковски Томислав, Бундалевски Константин, Спировски Тео 8, Здравковски Давид, Марковски Владимир 4, Никодиноски Огнен, Мијалчев Горазд, Василевски Стефан 6, Митровски Иван, Шатков Тео, Георгиев Андреј 6 и Симоновски Јован 3.
Тренери Мемиќ Фарук и Митревски Кире.
Мултиесенс – Еурофарм Пелистер 2 29:31
Младинскиот тим на Еуеорфарм Пелистер забележа на гостински терен за зацврстување на првата позиција со 100% учинок, девет победи од девет натпревари.
Одлични одбрани, како и вообичаено прикажаа голманите Фехми Мелин и Младенов Иван.
Во нападот најдобра реализација имаа Фехми Алдин со 8, Ѓорѓиевски Лука со 7 и Лазаревски Стефан 5, Орџановски Андреј 3, Славкив Александар 3, Пецаковски Томче и Дамчевски Андреј по 2, Велески Иван 1. Во составот уште беа: Лозановски Леонид, Туловиќ Александар, Бошковски Антонио, Илијевски Илија и Петрески Петар.
Тренери се Димитровски Васко и Силјанов Михајло.
Фото: Дамијана Ристевска








