И оваа година во Битола во организација на Меѓународен Славјански Универзитет, во Офицерски дом, утре, со почеток во 11 часот, ќе се одржат “Денови на психологија – Битола 2025“.
Преку дискусија, размена на ставови и инспиративни примери ќе зборуваме за менталното здравје и современиот ритам на живеење.
Дојдете да учиме, да разговараме и да се инспирираме заедно.
Влезот е бесплатен. Потребна е само регистрација онлајн:
Денови на психологија 2025 – пет градови, пет теми, едно патување низ човечкиот ум!
Годинава настанот е организиран во соработка со Киноверзум, единствениот македонски ланец на кина.






