Општинскиот совет за превенција од детско престапништво на Општина Битола во соработка со волонтерите при Општинската организација на Црвениот крст од Битола започна со кампањата „16-те дена активизам против насилство врз девојчиња и жени“. Глобална кампања посветена на подигнување на свеста, спречување и борба против сите форми на родово базирано насилство. Кампањата официјално започна во Средното медицинско училипте „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. Директорот Горан Талевски истакна дека се секогаш отворени за ваква соработка и кампањи, особено оваа но и против секаков вид на насилство. Нашата соработка со ОСПДПБ продолжува и со други активности на теми за тинејџерите и младите.
Претседавачот на ОСПДПБ Жанета Ристевска истакна:
-Денес ги започнуваме 16-те дена активизам, кампања посветена на подигнување на свеста, спречување и борба против сите форми на родово базирано насилство. Насилството врз жените и девојките не е приватен проблем – тоа е општествен проблем што бара гласна, обединета и постојана реакција.
Во овие 16 дена, но и секој ден, повикуваат на:
-Почит, рамноправност и нулта толеранција кон насилство, поддршка за жртвите и преживеаните, акција, образование и промена на штетните норми, одговорност и јасни механизми за заштита, ко сте сведок на насилство – реагирајте, ако сте жртва – не сте сами, побарајте помош, ако сте дел од заедницата – станете сојузник.
Активностите беа отворени со презентација на краткиот филм „Модринки на душата“,пред ученици од 2 и 4 година. кој ја обработува темата за насилството — булинг врз девојче и траумите низ кои таа поминува. Преку овој филм учениците имаа можност подетално да ја разберат сериозноста на проблемот и потребата од заедничко делување за негова превенција.
После презентација се разви дискусија на оваа тема краткиот филм „Модринки на душата“ на тема булинг е изработен од ПХВ -Промоција на хумани вредности групата „Искри на хуманост“ со учество на волонтерите: Софија Ѓакова, Христина Врчаковска, Матеа Мано, Владимир Јаневски, Емилија Смилевска и нивниот мини – ментор Лина Чашитовска. Исто така ликови низ филмот беа и други волонтери на Црвениот крст. Филмот беше во режија на Лина Чашитовска и Александар Василевски. Овој ПХВ проект беше прогласен за најдобар во 2025 година за ПХВ проекти изработени од средношколци.
Кампањата продолжува низ основните и средни училишта во Битола со низа едукативни и превентивни активности насочени кон подигање на свеста и охрабрување на младите да реагираат против насилството.






