Press "Enter" to skip to content

ФК Јени Маале од Битола на традиционалната 33. по ред забава, “Којотите“ со најава за гостување во Лисабон (фотогалерија)

Синоќа беше одржана традиционалната забава на ФК Јени Маале од Битола, која како и секогаш помина во одлична атмосфера во ресторанот “Вила Виста“ беше, на која беше направена детална анализа на тековната полусезона.Ова е 17-та година по ред како клубот го организира овој настан, 33 забава во ред, а да потсетиме првата беше одржана во кафулето “Триангл“.Официјалниот дел го отвори капитенот Никола Пискачев, кој се осврна на резултатите и
играта во изминатите месеци.-Оваа полусезона игравме со променлив ритам, со кој, фудбалски гледано, не можеме целосно да бидеме задоволни. Но, како и секогаш, ние се будиме напролет и тогаш го
достигнуваме максимумот од нашата форма, истакна капитенот.Традиционално беше доделено признание за посебни заслуги во клубот. Оваа година,
добитник е Пеце Богдановски – Бабец, кој со голема енергија и посветеност ги извршува
техничките работи во ФК Јени Маале и претставува значаен дел од неговото
функционирање.Како вистинско изненадување за присутните, клубот најави нова меѓународна фудбалска авантура – гостување во Лисабон, каде ќе се одигра пријателски натпревар. Тргнувањето е закажано за 18 февруари 2026 година.Со ова, Јени Маале ја продолжува својата традиција на фудбалски патувања, по веќе остварените посети во Белград, Загреб, Осиек и Милано.ФК Јени Маале останува клуб кој не признава пречки – место со многу другарство, емпатија и позитивна енергија.На прославата присуствуваа и познатите фудбалски имиња Митко Стојковски и Тони Мицевски, кои со години се дел од фамилијата на клубот, потоа помошник-тренерот на Пелистер – Вангел Алтипармаковски, музичката легенда – Ламбе Алабаковски, како и
многубројни гости и поддржувачи на овој битолски клуб.За забавата беа задолжени „Џокер бенд“ без кои не поминува нути една забава на “којотите“ кои се погрижија и овој пат да има стенд-ап на капинот, кореографија, и секако изненадувања.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »