Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 само со еден бод против Бутел во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Бутел 24:24 (11:10)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје во Битола одиграа реми, 24:24, полувреме 11:10, во натпревар од 16. коло во Супер машката лига во Битола, кој беше драматичен и неизвесен до самиот крај.На стартот на натреварот екипата на Бутел започна со водство од 2-0, но “пелистерци“ набрзина се вратија во егал. По одбраните на гостинскиот голман Трајкоски, Бутел Скопје пак отиде на плус два. На паузата домашните по рамноправната игра имаа гол предност 11:10.На стартот на вториот дел екипата на Пелистер имаше и плус два, 15:13. Бутелци играа добро и за три минути ја анулираа негативата со три гола по ред и го преземаа водството. Потоа се играше гол за гол, имаше многу удари од седум метри, а сигурни реализатори од линијата беа Мохамед Азиз и Филип Николов, па во последните десетина минути се влезе со реми, 20:20.Домашните имаа шанса за предност при 21:21, но Бутел направи разлика од плус два, а следуваше тајм-аут на Зарков.По тајм-аутот на домаќините погрешија па гостите отидоа и на 24:21. Потоа Шулески изработи одлична акција, потоа и Митревски беше прецизен од далечина за 24:23 и многу возбудувања во последните две минути. Митревски даде гол за реми, 24:24. Бутелци тргнаа во последен напад, битолчани одиграа добра одбрана во завршните секунди и мечот заврши без победник.Во тимот на Еурофарм Пелисетр 2 Мохамед Азиз постигна девет гола, додека шест пати стрелаше Петар Маркоски.

Фото: Дамијана Ристевка

More from ВестиMore posts in Вести »