Вчера за прв пат Службата во Центарот за транфузиона медицина – Битола во соработка со Црвен крст Битола реализира крводарителска акција во фабриката “Кромберт и Шуберт“ која се покажа исклучително успешна и хумана уницијатива.
Акцијата наиде на голем одзив кај вработените кои со висок степен на одговорност, хуманост и заинтересираност ја поддржаа оваа благородна активност.
-Благодарение на нивната несебичност и подготвеност да го помогнат беа собрани 130 крвни единици, што претставува значаен придонес за обезбедување на неопходните крвни резерви и спасување на човечки животи.
Посебно радува фактот што ова беше прва ваква соработка со фабриката “Кромберг и Шуберт“ која на самиот почеток покажа високо ниво на организација, дисциплин и искрена желба да се учествува во крводарителса акција.
Вработените уште еднаш потврдија дека хуманоста и благодарноста се темелни вредности во нивната работна средина, рече д-р Маргарета Јолевска, спец. транфусиолог, раководител на ЦТМ Битола и додаде:
-Центарот за транфузиона медицина – Битола изразуваат голема благодарност до раководството и до сите вработени во “Кромберг и Шуберт“ за поддршката, гостопримството и хуманоста. Се надеваме дека оваа успешна акција ќе прерасне во убава традиција и дека соработката ќе продолжи и во иднина.

Успешно реализирана крводарителска акција во фабриката “Кромберг и Шуберт“ – Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: 23 годишна прилепчанка физички нападната во Битола
- Иван Куковски е нов координатор на РЕК “Битола“
- Активирана зимската служба – се чистат улиците во Битола од 3:30 часот
- ЈП “Комуналец“: се расчистуваат пристапните патеки за пешаците
- Во Битола облачно со повремен снег, температурата до 1 степен





