Во организација на машинскиот отсек при Технички факултет – Битола се одржа настан под наслов “Отпадот не е ѓубре“, а актуелни предавања одржаа стручњаци од практиката, м-р Љупчо Стојановски, асс. м-р Благој Димовски и м-р Елена Стефановска, демонстратор.
На настанот свое учество зедоа студентите, како и средношколците од гимназијата “Јосип Броз Тито, СОУ “Таки Даскало“, СОТУ “Ѓорѓи Наумов“, заедно со своите професори.
Настанот беше потпомогнат од најголемите општествено одговорни компании во регионот, РЕК “Битола“ и ЈП “Стрежево“.
На настанот е заклучено дека темата “Отпадот не е ѓубре“, е многу актуелна, истата предизвика голем интерес, на која е потребно идејно да и се посвети поголемо внимание.
Целта е подигнување на свеста на младата популација, како и уклучување на голем број на чинители во справување на проблемот со отпадот, зашто навистина отпадот не е ѓубре.

“Отпадот не е ѓубре“ настан на Технички факултет Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Градоначалникот на Битола на средба со амбасадорот на Шведска
- В недела дел од “Булеварот“ ќе биде затворен за сообраќај заради интервенција на канализационата мрежа
- “Генералка Викенд“ од 8 до 10 мај и во Општина Битола
- Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)





