Како и секоја година пред Нова година, така и денес ја имавме моторџиите од мото клубот МК Конзули од Битола пред Нова година и пред Божик ги “запалија“ моторите се собраа на плоштадот “Магнолија“ во Битола.
Моторџиите се дружеа со најмалите кои ја следеа детската програма од Зимската приказна, а потоа го одржаа и традиционално новогодишно дефиле по улиците на Битола.
-Во рамките на нивната хумана активнсот, а како рекоа и самите моторџии, имаа чест и големо задоволство, заедно со Дедо Мраз, да ги посетиме прекрасните дечиња од Ресурсниот центар “Кочо Рацин“ во Битола.
-Самото пристигнување на моторџиите и силниот звук на нивните мотори донесоа многу искрени насмевки, а нивната детска радост и топлина, уште еднап не потсетија на вистинската смисла на празниците – споделување, хуманост и грижа за најмалите, исракнаа моторџиите.
Во дворот на ресурсниот центар во Битола дечињата со многу радост го пречекаа Дедо Мраз кој на сите им подели новогодишни палетчиња, а секое дете имаше прилика да се фотографира со Дедо Мраз, а некои тоа го направија на мотор.
-Нивната среќа и возбуда се најголемата награда за нашиот труд и мотивација и понатаму да продолжиме со вакви хуманитарни активности. Им благодариме на вработените во училиштето за топлиот пречек и посветеноста што секојдневно ја вложуваат во грижата и образованието на овие деца, се заблагодарија членовите на МК Конузи на вработенит од ресурсниот центар за можноста да ги израдуваат овие дечиња, на нивни, специфичен начин.
Директорката на Ресурсниот центар “Кочо Рацин“ во Битола им додели благодарница на МК Конзули за овој нивни хуман гест кој ги израдува дечињата и вработените.

Моторџиите на МК Конзули и Дедо Мраз по дефилето им поделија пакетчиња на дечињата од “Кочо Рацин“ – Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
- Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка во Купот, убедлива победа во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола за 2015 година (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови










