-“Ministry of Second Hand“ е социјална платформа која ја прави облеката втора рака – прва дестинација при изборот на купување. Преку неа промовираме став дека стилот не мора да биде составен исклучиво од нови парчиња. Напротив – вредните, квалитетни и брендирани парчиња кои мируваат во нечии плакари добиваат можност да станат дел од нова приказна, во следен плакар, вели Марија-Магдалена Петковска Микаровска од Битола основач на Ministry of Second Hand и додава дека:
-Свеста кај луѓето очигледно се менува. За само година и половина од постоењето на платформата, бележиме значајна разлика во начинот на кој се перципира облеката втора рака. Тоа го потврдува и фактот што денес достигнуваме до 5.5 милиони прегледи на месечно ниво, бројка која јасно ја покажува нашата релевантност, вредност и влијание, како и тоа дека “Ministry of Second Hand“ станува фактор на пазарот.
По виралното претставување вчера е одржа претставување од изложбен карактер за што Марија – Магдалена Петковска Микаровска вели:
-Настанот во “Marieli Cakes“ беше од изложбен карактер, со јасна цел – да покажеме што навистина значат парчињата кои луѓето најчесто ги гледаат само он-лајн. Сакавме да ја надминеме евентуалната бариера и да им овозможиме директно искуство со облеката, нејзиниот квалитет и приказна.
-Континуирано вложуваме во подигнување на свеста за давање втора шанса на старите парчиња и во промовирање на автентичноста што ја носат кога се усогласени со личниот стил. Нашата цел е секоја жена да и даде шанса на платформата – и како продавач и како купувач – за навистина да ја разбере поентата на циркулацијата на облеката и вредноста што таа ја создава.
Фото: Дамијана Ристевска






