Press "Enter" to skip to content

Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)

Успесите на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола продолжуваат да ја потврдуваат силната спортска традиција и активното учество во универзитетскиот спортски живот.На Универзитетското првенство во стрелаштво со воздушна пушка 2026, студентката Ирина Јованоска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола го освои првото место во категоријата студентки, додека Давид Атанасоски од Факултетот за безбедност – Скопје се пласираше на високо четврто место кај студентите.Во конкуренција од околу 400 учесници, овие резултати, заедно со настапите на студенти од Факултетот за безбедност во Скопје и нивниот постигнат пласман, придонесоа УКЛО да биде силно позициониран на конечната ранг-листа на учесници.Овие достигнувања се само дел од пошироката слика на интензивни спортски активности што ги организира Универзитетската спортска федерација на Македонија, каде што паралелно продолжуваат и државните поединечни првенства во повеќе дисциплини.Во тој контекст, минатата седмица започнаа и државните универзитетски лиги во кошарка и мал фудбал. Кошаркарите на УКЛО ја отворија сезоната со победа на натпреварите во Штип, додека свеченото отворање на лигата во мал фудбал се одржа во спортската сала „Павел Шатев“ во Битола, по повод одбележувањето на Денот на основањето на Универзитетот.На настанот, покрај домаќините, учествуваа и екипи од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Меѓународниот Славјански Универзитет – Св. Николе, со што дополнително се потврди значењето на универзитетскиот спорт како платформа за натпреварување и соработка.Натпреварите продолжуваат во текот на мај, а завршницата е предвидена за октомври, со најави за старт и на останатите лиги во машка и женска конкуренција.

More from ВестиMore posts in Вести »