Press "Enter" to skip to content

Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот

-Кошаркарите да бидат свесни дека притисокот кој што доаѓа во овој плеј-оф е привилегија, а не товар бидејќи на свој сопствен начин својот квалитет да го канализираат за потребите на тимот.

Денес со првиот натпревар на кошаркарите на Пелистер од Битола против екипата на МЗТ во Скопје започнуваат полуфиналните пресметки за пласман во финалето.

Тренерот на Пелистер, Борче Даскаловски пред стартот на завршницата од плеј-офот и за тоа како го гледа регулатниот дел кога тимот имаше и неколку непредвили порази и “пет од пет“ во плеј-офот вели:

-За созрвевање на една екипа, како Пелистер, која беше конституирана буквално од нула, потребно е одредено време да се адаптираат играчите на тренерот и тренерот на играчите и најважно од се е да почнат да имаат меѓу себе една синергија која која што првенствено, најдобро се манифестира со решавање на дефанзивни задачи. За сето тоа потребно е одредено време, а според мене и подолго време. Кога ја темпиравме формата го имавме тоа во предвид и покрај што сакавме се да биде во ред имавме падови, но и добри моменти. Во вистинско време момците, едноставно почнаа да бидат фокусирани и да веруваат на комплетната стратегија и на тактичките решенија кои ги поставувавме и како гледате тоа започна да два резултати и да победуваме.

-Што се однесува пак до плеј-офот кога имавме пет победи во пет кола јас не сум изненаден. Јас го знам индивидуалниот квалитет на сите кошаркари, а знам и дека една кошаркарска екипа е спој на индивидуалци кои најдобро фунционираат кога се заедно, а не да бидат квалитетни индивидуи. Во тимот имаме одлични индивидуалци, ова го говорам теоретски и искуствено, но требаше одредено време и разбирање, и работата дојде до израз, додава Даскаловски.

Дали сега на стартот на полуфиналните средби Даскаловски го создаде вистинскиот Пелистер вели:

-Сега вистинскиот Пелистер е до израз, тоа се гледа во играта оваа сезона, но оваа екипа има во себе капацитет и потенцијал. Најбитно ќе биде оваа екипа да остане заедно, бидејќи имаме многу млади домашни играчи, но и  млади странски со исклучок на еден ветеран странец. Оваа екипа има огромен потенцијал и по мене треба да остане заедно, бидејќи ако тоа се случи и ако останат заедно ќе бидат во врвот на македонската кошарка подолго време.

Денес започнуваат полуфиналните натпревари против МЗТ Скопје, а за оваа полуфинална пресметка Даскаловски, во негов стил вели:

-Како и за сите натпревари до сега ние се фокусираме на нас и само на нас. Да го држиме фокусот во играта сите 40 минути. Кошаркарите да бидат свесни дека притисокот кој што доаѓа во овој плеј-оф е привилегија, а не товар бидејќи момците треба на свој сопствен начин својот квалитет индивидуално да го канализираат и да можат максимално своите лични перформанси да ги дадат, но притоа секој единствено да мисли на тимот. Апелирам кон сите, индивидуалниот перформанс да се заборави и се да биде ставено во функција на тимот и најважно никој да не изгори во желбата. Ова го велам и ќе повторам дека само два играчи се искусни и другите се млади играчи кои мора да се прилагодат на овие мои барања да стигнеме до целта како тим, и тие до личната цел да бидат од ден на ден се подобри.

Сашо Ристевски