-Сабота вечер за младите од Битола забава на отворено на платото кај Офицерски дом, а младите и возрасните уживаа во македонска музика, за нив на 8. вечер на Зимската приказна тоа го сторија Димитар Андоновски, Бојан Стојков и Викторија Коцева, а а случувања имаше и во Старата чаршија и “Bliss Mall“, со “Боро Чурлевски“, кај “Молика“ на Пелистер…
Вечерва, како ни рекоа Димитар и Бојан беше вечер на македонска музика, а претходно и Виктотија младите битолчани уживаа во песните кои ги знаат и со радост ги слушаат, како тие ни рекоа младите, се загреаа на студеното време.
Димитар Андоновски пред почетокот на концертот ни рече:
-Студено време, како лани исто, мислам дека имав настап на зимската приказна на денешен ден или ден порано, ама ќе се загрееме, со пеење. Ќе се обидеме да ја загрееме нашата публика генерално со македонска музика, ќе испееме некој хит од екс-ју сцената но акцентот ќе биде на наша музика. На битолчани ќе им посакам само да бидат живи и здрави, повеќе да си се цениме и да сакаме и музика ќе има на радост и за уживање на сите.
Бојан Стојков додаде:
-Ќе пробаме вечерва да ги стоплиме битолчани со играње, а нам како битолчани за разлика од гостите кои ги имавме на зимската приказна ни се падна најстуден ден, а ние сме навикнати на студ и не се жалиме. Ние ќе се обидеме со пеење, но ако не е доволно тука е топлото вино од куќарките. Вечерва со Диме, како и тој рече, ќе пееме мак-хитови, наши авторски песни и малку ју-рок. Секогаш на Зимската приказна има доволно музика и доволно долго трае, а овој период кога и да дојдиш кај Офицерски има убава музика и можиш убаво да си поминеш. Има многу музика, има новогодишна атмосфера, а во овој период тоа и ни треба. Битолчани да не слушаат нас, да слушаат македонска музика, да не поддржуваат сите кои пееме македонска музика, тоа е многу важно, но најважно да бидеме сите живи и здрави во Новата година.
Денес, на 8. ден на Зимската приказна во Офицерски дом имаше празнична штафета на “Сумнал“, креативна работилница на “3Г Миндс“, детски претстави, музика и танц и мода, СИ-ДО и разговорен концерт за деца (Г. Стојановска – пијано). Настапија и квартет “Пелагонија“, “Брас Брадерс“ и “Битолски тамбураши“. Во старата чаршија на пешачката улица настапија групите “Кабадаја, “Еуфорија бенд“, “Битолски чалгии“ и оркестар “Фаворити“.
За утре на 9. ден на Зимската приказна на главната сцена кај Офицерски дом, во вечерниот термин ќе се појават групата “Арea“, Александра Јанева и “The Guys“. Во дневниот термин битолчани ќе гледаат претстави на Црвен Крст Битола, на “Солза и Смеа“, на Народен Театар Битола, детска театарска претстава „Подароците на Дедо Мраз“, детски музички фестивал “Весели ѕвончиња“, детска театарска претстава „Кога Дедо Мраз пее, секој се радува и смее“.
Во Стара чаршија ќе бидат “Groove Boulevard“, Софија Пуровска и “Империјал бенд“, гГрупа “Секвенца“ и група “Твинс“.
Промоција на сликовница „Битолскиот клавир Петко и заборавениот палтон“ ќе се одржи во “Бук хаус“, а таму ќе има и “Light Up Bitola“ – детска 3D мапинг галерија.
Во “Bliss Mall“ ќе има детска театарска претстава “Новогодишна брканица“, хуманитарна иницијатива „Понекогаш ние сме причината за нечија насмевка“ – детски хор, хуманитарен новогодишен базар.
Во празничен автобус “музика ќе пушта“ DJ Ацика.
Дамијана Ристевска











