Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворка која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник денот кога низ центарот на градот со ѕвездите в раце ќе ја пеат Вечниот бог, најавувајќи го Христовото раѓање.
Инаку ѕвездичките ја симболизираат Витлеемската ѕвезда која се појавила на небото кога се родил спасителот на светот и дека децата ја претставуваат ангелската војска која со песна ја најавува радосната вест.






