-По завршување ана првиот дел од сезоната екипата на Пелистер Волеј од Битола се наоѓа на средина на табелата, на 6 место.
За тоа како помина оваа полусезона, откако Пелистерс е врати во Првата лига, тренерот Роберт Митковски вели:
-Есенскиот дел на оваа наша сезона во која сме повратници во Првата лига имавме 4 победи, со озсвоени 11 бода. Имавме и 5 порази од кои извлековме дополнителни можеби клучни два бода, со позитивен скор на освоени сетови (18:17), додека на само еден натпревар завршивме без освоен сет. Би сакал да кажам и дека иако како новајлии сме единствена екипа која на лидерот во есенскиот дел му одзеде еден бод и два сета воопшто, а за тоа дали е зад0волен од прикажаното додава:
-Од прикажаното можиме да бидиме сосема задоволни со оглед на тоа што патот до овде, очекувано, го поминавме на најтешкиот можен начин. Поминавме навистина тежок пат не само затоа што имавме 1-5 од првите 6 натпревари, туку и два несреќни порази од 2:3 на стартот по што имавме и мал психолошки пад. Разбирливо, на самиот старт предвреме бевме видени како големи фаворити со оглед на бројните засилувања. Сосема “нормално” за денешно време очекувањата на јавноста беа дека Пелистер ќе впишува брзи и лесни победи со секој противник, на што укажавме дека тоа е опасност на која не смееме да потклекниме како екипа.
Зрелоста која ја покажа стручниот штаб Митковски, заедно со Александар Темелковски е секако со помош на Владимир Трифуновски донесе трпение и висок степен на самодоверба, и работа со одбојкарките на тоа дека сето тоа е само неоснован притисок, што во финишот од полусезоната резултираше со три последователни и заслужени победи.
-Задоволни сме што пронајдовме вистински начин на комуникација преку која им влеавме огромна самодоверба и ги натеравме на некој начин нашите одбојкарки да не отстапуваат, ни тие, ни ние тренерите од она што го зацртавме на почетокот и дека патот и времето апсолутно не се важни, зошто се што сработивме, го сработивме онака како што треба, посветено и без калкулации, давајќи го својот максимум, а кога се дава максимумот само прашање на време е кога ќе дојдат посакуваните резултати, вели Митковски.
-Многумина би рекле дека е лесно да се победат екипите кои ги победивме, но тоа апсолутно не е така, додека за поразите, освен поразот од Работнички, можиме слободно да кажиме дека никој не не надигра, а Пелистер скапо го продаде секој бод и секој поен на терен, додава Миткобски и за крај вели:
-Звучи неверојатно, но лигата е на највисоко ниво во последните дваесетина години во која речиси секој секого можи да совлада или да биди поразен. Сепак, најголемата победа е што се победивме самите себе и во финишот од полусезоната покажавме и докажавме дека оваа екипа многу можи. Не сме го покажале нашиот последен збор. Верувајте, најдоброто од Пелистер Волеј допрва доаѓа.
Оваа сезона е долга, а тука е и купот што за одбојкарките на Пелистер Волеј претставува огромна чест да се играат и секогаш играат, како самите велат, со својот максимум, без никакви калкулации.
Фото: Дамијана Ристевска










