-Некој одобрува палење оган, некој не, но во населбата “Ушици“ во Битола коледарскиот оган, вечерва, како и во изминатите 62 години од постоењето на населбата, огнот го најави Христовото раѓање.
-Како и пред 62 години, така и вечерва е запален големиот коледарски оган, во паркчето во кое во лето се игра бељот, а во зима се пали огнот, препознатливо за оваа населба во Битола.
-Овој пат за прв пат жени го запалија огнот во Ушици, тоа го направија Славица, Олга и Жанета како прод0лжежение на кумството за параклисот.
Палење на огнот за Коледе во населбата “Ушици“ во Битола, продолжи и оваа година, односно 62. пат од кога постои населбата во Битола, а оваа година жителите од “малата“ го запалија огнот и ја продолжија шест децениската традиција, од кога се пали оган.
Традицијата започнала веднаш по вселувањето во новите куќи во населбата во 1964/5 година, на местото на стариот “Расадник“, а коледарскиот оган, од 1965 година, се пали на истото место, во паркот, помеѓу улиците “3-та“ и “2-ра“, како и вечерва на 5 јануари 2026 година.
Огнот го палеле највозрасниот, најмалите жители на “Ушици“, но овој пат по препорака на отецот тоа го направија кумите на славата на параклисот, а со тоа се создаде уште една традиција. Овој пат коледарскиот оган го запалија Славица, Олга и Жанета, но огнот за палење и паркот за славењето на Коледе, го подготвија, како и секоја година Иљо, Митко, Филип, Сашо и Дејан.
-Не радува што продолжуваме една традиција на палење на оган на коледе каде што сме мажени, а со тоа ја докажуваме верноста кон населбата и фамилиите. Но, посебно не радува што, пак се надеваме, оставаме уште една традиција зад нас, да биде поорганизирани, за славата на параклисот и Коледе, денови на кои сите заедно се собираме и се дружиме, како ретко во која населба во Битола. Мислиме дека има во “Ушици“ вредни млади луѓе кои ќа ја продолжат традицијата, ние повозрасните ќе бидеме гости, но тука сме ако затреба ќе помогнеме, ни рекоа Славица, Олга и Жанета.
Благој Корлевски – Чомбе вечерва беше највосрасниот на огнот, а како рече се сеќава и на првиот оган кој се запалил во “Ушици“.
-Ние бевме мали, не го палевме огнот, но се радувавме. Огнот го запалија, Коле, Сандре, Рафе, Мендо, Џајко… и тие кои веќе се имаа населено на населбата. Се сеќавам дека не беше како вечерва. Имаше кал до колена, тешко се стигнување до огнот, но се стигна. Се радувавме на новиот живот на Исус Христор, но и на нашиот нов живот во “Ушици“ или како тогаш го викавме расадникот. Продолжуваме и оваа година, го палиме коледарскиот оган и го најавуваме Христовото раѓање. Се радувам, и не само јас, туку и сите од населбата, дека продолжуваме со традицијата, дека сме тука, на ова место. Јас веќе 62 години, од кога е формирана населбата. Тука се сите, кои редовно се на Коледе и редовно играат “бељот“ во лето, но и некои кои доаѓаат повремени, Корлевски.
Во “Ушици“ доаѓаат и жители кои работните обврски и животниот пат ги однеле на друго место на живеење. Еден од нив е Тоци Стојановски, кој е роден во “Ушици“, но поради неговата работа, живее и работи во Англија.
-Не сум бил тука за Коледе во малата петнаесет години откако се иселив од Битола, и заминав во Англија. Се думав дали да дојдам или не, но еве тука и не згрешив. Се потсетив на едни денови кои беа радосни, се палеше оган, се крадеа штици, се дружевме. Сега ме радува што сите, како и кога бев во летото, се тука во паркот, летово игравме бељот, сека палиме оган и најважно се дружиме. Се надевам дека нема никогаш да ја прекинеме оваа традиција во “Ушици“. Убав ден, убави празници, се видов со старите другари од маалата, а се надевам дека вечерва ќе си поприкажеме за некои поминати години.
Оваа година продолжи традицијата, а секоја години, од година во година, се собираат поголем број на жители од “Ушици“.
Борис Чурановски е дете од “Ушици“, малку е подалеку од паркот од “Панде Кајзеро“ но редовно е тука, а за вечерашното собирање рече:
-Што да кажам ме радуваат и се радувам на вакви работи, посебно што тоа ни се случува нас и се случува кај нас. Сите се собираме секоја година, се дружиме, се сеќаваме не некои работи од детството, слушаме некои работи од повозрасните и се надевам дека нешто и научуваме. Мислам дека населбаа има “добри деца“, сега вредни домаќини кои ќе продолжат оваа традиција. Никој од нас не прави проблем за Коледе. Сите се познаваме доволно и секогаш сме заедно на огнот. Тука се сите од “Ушици“ да се дружиме, да го запалиме огнот и да го најавиме Христовото раѓање, како и секогаш, во социјализам и во комунизам, дали поповите дозволувале или не, дали имало корона, дали има студ, дожд и снег…
Година во “Ушици“ како и на јубилејното 60. коледе на гости во “Ушици“ дојде и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој на сите им ги честита Божикните празници им посака уште многи години да се слави овој ден, и на сите жители на “Ушици“ да продолжат заедно да го празнуваат сите празници, и да се почитуваат како и досега.
“Постарите“ кои се тука децении на огнот за Коледе, а покрај него таму се раскажува за минатите времиња и секако се потсетуваа како беше низ годините. Тука знаеме и во лето да си направиме без повод седенка по бељотот, но сега е друго има повод, Коледе и Божик. Тука на едно место сме четири – пет генерации, на огнот, или кај картите, велат повозрасните, кој се радуваат што тука е запален огнот по 62. пат, е се надева дека ќе гори на овој ден уште 100 години… а ќе се продолжи традицијата која ја започнаа нивните дедовци, татковции Душко, Спире, Мендо, Душко, Рампо, Коле, Рафе, Коста, Џајко, Бале, Сандре, Томе…
Додека повозрасните беа зафатени со палењето на огнот, за да ги избркаа злите духови и да го најават Христовото раѓање, најмалите од “Ушици“ тоа го направија со пеење на коледарски песни.
Стевче кој е задолжен за забавата на Коледе во “Ушици“ вели:
-Секоја година во “Ушици“ е весело и со богата трпеза, беа разлика дали е комунизам, социјализам, капитализам, и дали поповите кажуваат дали да се пали оган или не, да се јаде покрај огнот или не. Никогаш немало некој да бил против, да кажувал дали треба или не треба да се пали оган, бидејќи, се знае, оган се палел и ќе се пали, се краделе дрва за оган, горел до сабајле, ние од ова место сме се дружеле и пак ќе се дружиме, вели
Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска











