Press "Enter" to skip to content

Пелистер ги започна подготовките во Битола следуваат две недели во Анталија

Пелистер и официјално ги започнаа подготовките во Битола за вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, со прозивка, работен состанок, а на првиот тренинг на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола, тренерот Милан Стојановски го означи и офоцијалниот старт.

Тренерот Милан Стојановски на состанокот нагласи дека “пелистерци“ ќе работат со полна пареа, ќе одиграат и неколку контролни натпревари, дека договорени се првите две засилувања и најави уште тројца новајлии.

-Почнавме со подготовките и наскоро ги очекуваме засилувањата за пролетниот дел од сезоната. Досега донесовме двајца играчи, но работиме и на други трансфери. Се трудиме да доведеме напаѓач, лев бек и еден стопер. Очекувам далеку подобри резултати до крајот на сезоната, бидејќи тоа го заслужуваат и градот и навивачите и Пелистер како клуб.

-По Битола каде ќе го одработиме првиот дел на подготовки на 17 јануари заминуваме за Анталија, управата ни излезе во пресрет и на мое барање ќе одиме во Турција, каде времето е прекрасно, има добри терени, но и одлични противници за пријателски натпревари. Ќе работиме по двапати дневно и ќе ја темпираме формата. Сакаме да ги воиграме и новите фудбалери, па затоа мислам дека ова ќе биде одлична прилика.  додаде Стојановски.

Во Анталија, Пелистер договори три контролни натпревари преку кои ќе ја бруси формата против Спартак Суботица (Србија), Железничар (БиХ) и Невбахор Наманган (Узбекистан).

Пелистер ја прекинува соработката со Ѓорѓе Белиќ и со Петар Ристиќ, српски интернационалци.