Press "Enter" to skip to content

Општина Битола и “Нискоградба“ со апликацијата „Битола-Зимска служба“ – во реално време каде интервенира механизацијата

„Зима е, и очекувани се врнежи од снег, особено за овој наш регион. Зимската служба раководена од јавното претпријатие „Нискоградба“ е подготвена и технички и со човечки ресурси, како и со потребните количини сол и ризла за интервенција.

Денеска Општина Битола заедно со „Нискоградба“ прават чекор напред кон поголема транспарентност, односно увид на состојбите на терен. Изработена е апликацијата „Битола-Зимска служба“ на која граѓаните во реално време ќе имаат можност да ја следат работата, односно која машина каде интервенира, на која улица, пат или населено место.

-На десната страна ја има агендата со листата на возила, секое со регистарскиот број, брзината на движење и статусот. Веруваме дека на овој начин и ние и граѓаните ќе бидеме во секој момент информирани како се одвива работата на Зимската служба, соопшти
градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Линк кој води до апликацијата:

https://bitola.moderncity.mk/zimska-sluzba/

https://www.facebook.com/share/r/1GU4kVS6cV/