Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денес посети две јавни битолски претријатија каде се стретна со директорите на „Паркинзи“ – Зоран Михајловски и на „Нискоградба“ – Зоран Талевски каде се раговараше за нивната работа во 2026 година, како и за цената на услугите.
За работата на јавното претпријатие „Паркинзи“ денеска средба на директорот на ова јавно претпријатие Зоран Михајловски кој беше домаќин на градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Михајловски го информираше градоначалникот на Битола за работата на ова јавно претпријатие во текот на 2025 година, како и за плановите и предизвиците во оваа 2026 година. Се разговараше за обезбедување нови паркинг места во градот, за услугите кои ги дава ова јавно претпријатие на постоечките паркинзи и за корекција на цената на услугата.
Градоначалникот на Битола денеска беше и во работна посета на ЈП „Нискоградба“ каде оствари средба со директорот Зоран Талевски. На работната средба се разговараше за тековното работење на претпријатието, особено подготвеноста на Зимската служба,п нејзината екипираност и техничката исправност на возниот парк. Директорот Талевски го информираше и за почнатите подготовки за претстојната градежна сезона каде ќе работат на дел општински, дел од проектите со средства од Владата на Македонија. На средбата беше отворена и темата за корекција на цената на услугитекои ги дава ова јавно претпријатие, а што е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Коњановски во посета на ЈП “Паркинзи“ и КЈП “Нискоградба“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Отворена фото-изложбата на спортски фотографии на Дамијана, Аце, Ацко и Дејан (фотогалерија)
- Младинскиот центар место каде младите можат да се активираат, информираат и едуцираат
- 17-та крводарителска акција на КС Групација – хуманоста продолжува (фото)
- Вторник по 62. пат избор на спортист на Битола, вечерва изложба на спортски фотографии
- Денес почнува “купот“, Пелистер против Куманово, Стајиќ посакува да биде до недела во Куманово





