Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен повик за поставување на рекламни паноа-билборди

Општина Битола го објави јавниот оглас за добивање право за поставување на рекламни паноа-билборди на подрачјето на Општина Битола, по пат на јавно електронско наддавање.

Локациите и бројот на билбордите се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Битола.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни лица кои ги исполнуваат условите утврдени со јавниот оглас.

Јавниот оглас трае до 18 февруари 2026 година ( среда) најдоцна до 12:00 часот, а јавното наддавање ќе започне на 20 февруари 2026 година со почеток во 10:00 часот.

Општиот опис и местоположбата на локациите, правото на учество, рокот и почетната цена за јавното наддавање и другите информации за овој јавен оглас во прилогот на ова известување.

https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2026/01/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81-%D0%B7%D0%B0-%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%86%D0%B0.pdf