Press "Enter" to skip to content

Се сруши куќа и оштети паркирани автомобили во Битола на паркингот зад “ЈАТ“ (фото + видео)

Се сруши приватен објект, поранешен дел од угостителско претпријатие од Битола, после 14 часот, позади зградата викана “ЈАТ“ во Битолa, каде се паркираат возила на граѓаните кои живеат во зградата, а и други битолчани. Ѕидот на куќата која падната во најголем дел оштетени два автомобили, на место каде пред некое време беа отстранети времените објекти-гаражи.

По пријава на жителите од зградата излезе полицијата на терен заедно со инспектори од Општина Битола, а на терен затекнавме и адвокати и вешти лица кои ги ангажирале сопствениците на оштетените возила, со цел да се направи удив во ошетувањата, како и материјалната штета.Оштетени се возила “волсваген“ и “опел“.