Од 02.02.2026 година (понеделник) започнува издавањето на дозволи за рекреативен риболов за 2026 година за риболовното подрачје “Стрежево“.
Висината на надоместокот за дозволите за риболов на акумулацијата „Стрежево“ е утврдена на следните износи:
-Годишна дозвола за членови на ЗСР „Стрежево“ – 1.000 денари (важност 365 дена од денот на издавање),
-Годишна дозвола (редовна цена) – 1.500 денари(важност 365 дена од денот на издавање),
-Месечна дозвола – 800 денари,
-Тродневна дозвола – 500 денари,
-Еднодневна дозвола – 200 денари.
Сите заинтересирани рекреативни риболовци можат да се информираат и да ги подигнат своите дозволи во Управната зграда на “Стрежево“ во Битола.






