Press "Enter" to skip to content

Јазично кафе со УКЛО КОЛОРС 

Јазично кафе? Звучи примамливо, нели? На иницијатива на партнерите на
КОЛОРС Алијансата од Германија и Полска се роди идејата да се воведе Јазично кафе (Language Cafe) меѓу сите партнерски универзитети на Алијансата. 

Целта е овие јазични кафулиња ширум Европа да ги водат студенти од сите учесници на КОЛОРС кои ќе понудат можности за јазична практика и културна размена. Сето ова, во иднина, ќе помогне да се изгради поповрзан и повеќејазичен европски кампус, па затоа можност за учество имаат сите студенти од партнерските универзитети на КОЛОРС Алијансата кои се желни за нови знаења, дружби и искуства. На Јазично кафуле може да се придружите со скенирање на QR кодот од флаерот.

Првото Јазично кафе меѓу Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и останатите осум партнери на КОЛОРС ќе се одржи  на 12 февруари 2026 година од 14 до 15:30 часот, па со задоволство се покануваат сите заинтерсирани студенти да се придружат: – „ Сите заедно  да го „испиеме“ нашето прво Јазично кафе и да отвориме можност за уште многу понатамошни средби од кои ќе произлезат пријателства за цел живот“. 

Ве очекуваме со нетрпение!