На 12.02.2026 во 20:20 часот на ул. „Димитар Илиевски Мурато” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 46 годишник од Битола затоа што кај него се пронајдени и одземени хероин и марихуана, додека при преглед на простории кои ги користел повремено беа пронајдени дигитална вага и марихуана. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 12.02.2026 во 20:45 часот на патот с. Добрушево – с .Новаци – с. Бач – с. Добромири, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 28 годишно од с. Долно Агларци, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв” со битолски регистарски ознаки, при што е констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По насока на обвинител возилото е одземено, а по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
На 12.02.2026 во 15:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја пронајдоа 43 годишната жена за која претходно нејзиниот син на возраст од 18 години пријави дека се оддалечила од домот.
…