Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен повик за именување на членови на здруженија на граѓани

Општина Битола ги повикува здруженијата на граѓани да предложат свои претставници за учество во:  Советот за социјална заштита и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.

Именувањето на претставниците има за цел да овозможи активно учество на здруженијата во донесувањето на одлуки и иницијативи кои се однесуваат на социјалната заштита и превенцијата на детското престапништво во Општина Битола.

Предлозите се примаат најдоцна до 04.03.2026 година.

Општина Битола ја цени соработката со граѓанските организации и ги охрабрува да се вклучат во овие значајни тела за обезбедување квалитетна и ефикасна социјална заштита и превенција на детското престапништво.

Дополнителни информации на следниот линк:
https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-zg/