Денес, среда, 25 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 13 степени.
Утре, четврток, 26 февруари, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата до 11 степени.






