Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за дрога, физички нападнат малолетник, се степале колешкa и колега во фабрика, пожар во куќа

На 24.02.2026 во 21:10 часот на ул. „Сремска Митровица” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 32 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 24.02.2026 во СВР Битола, В.Р. (41) од Битола пријавил дека на ул. „Арон Ароести” во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од соседот, а подоцна  во населба „Карпош” во Битола, тој заедно со неговиот син се сретнал со соседот и друго лицето при што по меѓусебна расправија помеѓу нив и во еден момент  третото лице го удрил неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 24.02.2026 во 18:00 часот во СВР Битола, Е.К. (66) од Битола пријавила дека во фабрика во Битола, во која работела, била физички нападната од колегата 48 на возраст од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 24.02.2026 околу 17:00 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул. „4 Ноември“ во Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.