СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ до Основното јавно обвинителство Битола поднесоа кривична пријава против 67 годишник од Битола и против две непознати лица поради сомнение за сторено кривично дело “измама“ казниво по чл. 247 ст.1 од КЗ.
Уапсениот и другите две лица телефонски се јавувале кај повозрасни лица, се претставувале како лекари и ги доведувале во заблуда дека членови од нивните семејства учествувале во сообраќајни несреќи и се здобиле со тешки повреди, па требало да дадат пари за нивно лекување.
Тие успеале да измамат 84-годишна битолчанка и 83- годишен битолчанец при што им одзеле вкупно 20.000 евра, при обид да измамат 78-годишна жителка на битолско село на 27.02.2026, таа го пријавила случајот во СВР Битола и веднаш се преземени мерки и активности, при што полициски службеници на лице место го затекнале и го лишиле од слобода лицето при обид да ги земе парите, кој во целост ги признал кривичните дела, по што е поднесена кривична пријава






