Во рамките на младинската конкуренција, во СС „Боро Чурлевски“ – Битола се одигра првенствен натпревар помеѓу двете екипи на Еурофарм Пелистер, каде победата ја обезбеди помладата кадетска екипа со резултат 25:24.
Натпревар исполнет со динамика, борбеност и квалитетен ракомет, кој уште еднаш ја потврди целта на клубот – создавање и правилен развој на млади ракометари кои чекор по чекор се подготвуваат за сениорскиот ракомет. Посебно радува фактот што помладата кадетска генерација успешно настапува и во младинската лига, рамноправно носејќи се со повозрасна конкуренција и стекнувајќи драгоцено искуство.
Натпревар кој ја отсликува визијата на клубот – континуиран развој, доверба во младите и создавање нови ракометни лидери. Помладата генерација, иако настапува во повозрасна конкуренција во младинската лига, покажа карактер, дисциплина и победнички менталитет.
Стрелци – Еурофарм Пелистер Симоновски Јован – 10 гола Велјановски Павел – 7 гола Тео Спировски – 4 гола Кебаковски Томислав – 2 гола Марковски Владимир – 1 гол Василевски Стефан – 1 гол.
Стрелци – Еурофарм Пелистер 2 Дамчевски Андреј – 6 гола Пецаковски Томче – 5 гола Лазаревски Стефан – 4 гола Славков Александар – 4 гола Фехми Алдин – 3 гола Младенов Иван – 1 гол Велевски Иван – 1 гол.
Овие натпревари се доказ за силната ракометна школа и континуитетот во создавање нови генерации на пелистерци – иднината на клубот е веќе на терен!
[ngg src=”galleries” ids=”2759″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″]











