ЧАСОВНИКОТ ПОЧНА ДА ОДБРОЈВА, ОПАМЕТЕ СЕ ИЛИ СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА РИГОРОЗНИ МЕРКИ!
Кога е времето за црвен аларм во клубот? На три кола пред крајот? На две? Или на едно
Најавен беше бомбастичен буџет, а добиваме уште побомбастично разочарување како што се ближи крајот на сезоната. Моменталниот пласман на Пелистер води директно кон второлигашки статус следната сезона.
Кога конечно ќе се побара ОДГОВОРНОСТ и ОДГОВОРИ од ОДГОВОРНИТЕ?
Жална е сликата на трибините под Тумбе Кафе, а уште пожално е тоа што се случува на теренот. За каков клуб беше планиран овај стадион? За каква управна структура од тотални анонимуси во фудбалот со 0 фудбалско познавање, чест на исклучоци. Зарем прошлиот гнев не ве поттикна да не носите тренер кој ќе носи сопствени фудбалери за сопствени интереси???
ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕД ИСКЛУЧУВАЊЕ.






