Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, втора година по ред, во партнерство со Амбасадата на Народна Република Кина, го објавува Конкурсот за наградување на најдобрите студенти од прв циклус на студии во академската 2025/2026 година.
Со оваа иницијатива, УКЛО продолжува да ја поддржува и афирмира академската извонредност, препознавајќи ги студентите кои се издвојуваат со својот успех, посветеност и резултати во текот на студирањето.
Конкурсот е отворен до 1 април 2026 година.
УКЛО ги повикува сите студенти кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да станат дел од оваа иницијатива која ја вреднува посветеноста и трудот во високото образование. Информациите и пријавата се достапни на официјалната веб-страница на УКЛО:






